Голманката и морето

Голманката и морето

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Пред нас е долгоочекуваното продолжение на „Вафли во форма на срце“ од авторката што не залудно ја нарекуваат „новата Астрид Линдгрен“.

Сега Триле и Лена имаат 12 години и тргнуваат во авантури што се многу посериозни и многу поопасни.

Во нивното одделение се појавува ново девојче – Биргита од Холандија, која кај Триле предизвикува дотогаш непознати емоции.

Во исто време, над фудбалската кариера на Лена се надвиснуваат темни облаци. Новиот тренер не ѝ дава шанса да се развива како голманка и таа ќе мора да се пресели во друг тим.

Палавата Лена ќе го натера својот пријател Триле повторно да тргнат во уште една неразумна авантура – со импровизиран сплав ќе испловат кон немирното море. Влегувајќи во светот на возрасните, Лена и Триле сфаќаат дека им претстојат многу повеќе одговорности.

Внимавајте! На сопствена одговорност јавате на бранови од солзи и смеа.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Автор Марија Пар
ISBN 978-608-243-375-2
Страници 192
Тежина 257
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x