Големата лага и малите вистини

Големата лага и малите вистини

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Самоизолирана од сите, со човек кој не го познавам – со себеси.

Човекот е роб на своите најдлабоки мисли и емоции, скриени во телото кое треба да му биде дом на духот, а кое не успева никогаш докрај да го спознае. Затоа честопати си изгледа како да гледа низ прозорец во внатрешноста на куќата. А внатре е празно.

Додека докторката Лаура де Луци се обидува да ја спаси сестра си од неизлечливата болест, во болницата „Салватор мунди“ се случува хаос. Во Рим се шири мистериозна заразна болест. Притиснати од неа, преморени и исплашени, и лекарите и пациентите стануваат свесни дека се, пред сѐ, луѓе кои сакаат да живеат, да бидат сакани и да сакаат – себеси, другите и светот. А љубов е кога стравот да постоиш без некого е поголем од стравот да се соочиш со себеси. Борејќи се со страшниот вирус, всушност, сите се борат со своите внатрешни демони.

Приказна за животот која нѐ тера да се соочиме со себе и своите морални дилеми. Приказна која извира од имагинација, но се однесува на реалноста. И едно писмо во кое се крие вистината.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Издавачка куќа Три
Автор Нона Марковска
ISBN 9786082307893
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x