ЃАВОЛСКА НАМЕТКА е роман кој истражува нешто што не е ново во галаксијата на македонското творештво, но е сигурно еден од ретките кој на еден посебен уметничко-белетристички начин пристапува кон обработка на темите за определен историски период.
Возбудлива сторија за страдањата на две различни ментални структури вткаени во немирниот простор на европските општествено-политички магнитуди на почетокот од дваесеттиот век, тивко гаснење на огнениот здив на Отоманската Империја и раѓање на нови вредности како најава за идните искушенија со кои ќе се соочи Стариот Континент.