Гитара од палисандер

Гитара од палисандер

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Романот е фокусиран на пет женски судбини. Навидум оддалечени со векови, секоја во својот свет и во својата приказна, со своите затворени светови што еволуирале од митот и суеверието до современите обрасци на однесување и женска еманципација, на крајот на романот овие жени ќе бидат поврзани во голема приказна за таинствените врски што се протегаат низ вековите.

„Гитара од палисандер“ е роман во кој сè се наоѓа на своето место, кој со композицијата потсетува на големите музички дела и начинот на кој се компонирани. Гавран пишува како да компонира, плете мрежа од зборови и настани, внимава на темпото и лајтмотивите и успева да постигне одлични ефекти со суптилно изведено нијансирање. Одлично замислена, со спојувањето на просторите и времињата и впечатливо реферирање на бајката, нејзината приказна е и женска (на начин што нема врска со „женското писмо“) и музичка (не на прво, туку на длабинско структурално ниво) и, што е најважно, е севременска.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 208
Автор Кристина Гавран
ISBN 978-608-243-454-4
Тежина 220
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x