Гаргара со катран

Гаргара со катран

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Во 1968 година советската војска влегува во Чехословачка и животот на младиот сирак Иља доживува пресврт. На почетокот чувствува олеснување бидејќи комунистите ги отстрануваат милосрдните сестри што го водат сиропиталиштето, но, откако децата ќе бидат препуштени сами на себе, редот и дисциплината се заменети со бруталност и хаос. Иља ќе се најде во вителот на суровото насилство. Ќе биде принуден да изврши убиство бранејќи го својот најдобар пријател и ќе ја засведочи смртта на својот брат со посебни потреби. Со пристигнувањето на војската сираците се здобиваат со воена обука. Поради тоа и поради фактот што Иља добро го познава теренот, станува помошник на еден руски тенкист. Заедно се движат сè подлабоко во еден макабричен свет на суровост, морален компромис и вечен срам. Мрачен и хумористичен, романот го прикажува созревањето на едно момче и на една држава.

„Гаргара со катран“ (2005) е прогласен за книга на годината на дневниот весник „Лидове новини“. Бил номиниран и за наградата на британскиот дневен весник „Индeпендент“.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Страници 256
Автор Јахим Топол
ISBN 978-608-243-426-1
Тежина 260
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x