Добитник на француската книжевна награда Ренодо.
Ова е приказна за еден голем брат, кој стори сè за да не личи на своите родители, и за еден помал брат, кој стори сè за да не личи на својот постар брат.
Ова е приказна за едно момче кое е меланхолично зашто пораснало во земја што се самоубила, кое е одгледано од родители што биле депримирани поради неуспехот на својот брак.
Ова е приказна за една земја што успеа да загуби две војни, уверувајќи дека ги добила.
Ова е приказна за едно ново човештво, или за тоа како католичките монархисти станаа глобализирани капиталисти.
Таков живот проживеав јас: француски роман. Ф. Б.