Филеб

Филеб

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

„Филеб“ е дијалог кој е создаден меѓу последните од одцнежните Сократови дијалози во четвртиот период од Платоновата творечка дејност, периодот на староста, во кој промените се изразени низ нагласување на логичката страна на учењето за идеите, метафизичките гледишта се заменети со математичките науки и атрономијата, стремежот кон уметничкото вообличување е заменет со поголема рефлексија и, макар што е натсетилното сè уште е супериорно во однос на сетилното, сепак, наместо етичкиот апсолутизам се појавува свртување кон тукашниот, постоечки свет.

Централната тема со која се занима овој дијалог е релативната вредност на насладата (т.е уживањето), односно дали животот исполнет со наслада или оној исполнет со мудрост е доброто за човека. Меѓутоа, иако и самиот поднаслов на „Филеб“ гласи „за насладата“ , Платон не зборува единствено за насладата, ниту пак размислува само за етичките категории во философијата. Всушност, делото е израз на зрелите Платонови сознанија од етиката, логиката и онтологијата и областите што денес ги нарекува антропологија, психологија, физиологија, па и некои други.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Автор ПЛАТОН
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082306537
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x