Фаренхајт 451

Фаренхајт 451

Распродадено

Опис на книгата

Романот интиутопија Фаренхајт 451 е слика на едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите огноотпорни домови никогаш не разговараат за она што го мислат и чувствуваат и уживаат само во материјалните работи. Тие се обземени од своите интерактивни телевизори-ѕидови кои им го окупираат целото внимание и не им оставаат време за размислување. Универзитетите се затворени или се претворени во школи за атомско инженерство. Книгите се прогласени за непотребни строго се забранети и подлежат на горење.

Но една мала опозиционерска група на луѓе-книги сакаат да го спасат духовното богатство на човештвото и секој од нив знае наизуст понекоја книга, за да им ја пренесе на идните поколенија. Кон нив се приклучува и Монтег, преобратениот пожарникар, кој ќе стане сведок на уништувањето на навидум сигурното и „идеално“ општество...

Детали за продуктот

ISBN 978-608-230-489-2
Корица Мека
Година на издавање 2017
Издавачка куќа Три
Страници 182
Автор Реј Бредбери
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x