Една иста река

Една иста река

Распродадено

Опис на книгата

Реалистичен, суптилно критички, а истовремено брутално искрен и комичен роман, кој ги разоткрива приказните на три сестри: Љуба, Сара и Пирина. Поетика на маргинализираните слоеви на современото општество. Сестрите живеат во мало село близу бугарскиот град Перник. Живеејќи на работ на мизеријата, Пирина пее, а во нејзините песни нема мелодија, ниту зборови, но тие ја лекуваат тагата; Сара често ги менува партнерите, а еден од нив дури ѝ гради црква! Љуба толку многу чита што дури отсуствува од секојдневјето и од животот и тоа ја прави привлечна на некаков нелогичен, но интересен начин. Никогаш не влегуваме двапати во една иста река. Роман во кој реката тече не како што одлучила вселената, туку каде што ја водат ликовите.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Автор Здравка Евтимова
ISBN 978-608-243-307-3
Страници 208
Тежина 223
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x