Драми

Драми

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

„Драми 1“ е збирка од седум познати драмски текстови на популарниот  француски автор Флоријан Зелер, кој во последните години прерарсна во еден од најценетите драмски писатели во Европа. Тој за своите дела доби неколку награди „Молиер“, а весникот Тајмс го прогласи за „најинтересниот драмски писател на нашето време“.

Тргнувајќи најчесто од типични семејни теми и реалистични ситуации, авторот гради драматичен конфликт вметнувајќи елементи на парадокс и апсурд во контекстот на секојдневниот живот и на тој начин создава посебна мистерија од најобичните ситуации. Зелер е исклучителен и по создавањето оригинални драмски ликови кои се веќе препознатлива карактеристика на современата европска драма.

Драмите на Флоријан Зелер успешно се изведуваат низ многу театри во светот. Неговата црна комедија Таткото, која е на репертоарот на лондонскиот театар „Вест Енд“ се смета за „најбараната нова драма во последната деценија“ и има добиено неколку награди во Париз, Лондон и Њујорк.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Флоријан Зелер
ISBN 978-608-230-6315
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x