ДНК

ДНК

Цена: 430 ден.

Опис на книгата

Прва книга од серијата „Детската куќа“! Мрачна и тажна приказна што започнува во 1987 година, кога три дечиња остануваат сираци и се разделени во три различни семејства. Како оваа приказна подоцна се поврзува со настаните што се случуваат во 2015 година, кога две момчиња бараат помош од соседите затоа што се будат заклучени во својата соба, а мајка им ја нема? Има причина за тоа – таа е мртва. Убиена е на грозоморен начин, а единствениот сведок на убиството е девојчето скриено под креветот, нејзината ќерка, која не можат да ја натераат да зборува. Каков ќе биде животот на тоа дете кога ќе биде во грижата на Фреја, психолог во „Детската куќа“, која работи со трауматизирани и злоупотребувани деца? Но убиецот не застанува тука!

Атмосферата на неочекуваното е присутна од почетокот до крајот, меѓу несреќните животни судбини, страшните убиства, кодираните пораки, заплетканите животни приказни, кои постојано се откопуваат од минатото… Трилер во кој најморничавите настани се случуваат токму кога најмалку очекувате!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Автор Ирса Сигурдардотир
ISBN 978-608-243-328-8
Страници 396
Тежина 421
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x