Дневникот на едно шмокле

Дневникот на едно шмокле

Цена: 340 ден.

Опис на книгата

Еден ден ќе станам славен ама сега засега сум заглавен во основно школо со еден куп морони.

Не е лесно да си дете. А тоа најдобро го знае Грег Хефли, кој сега е шесто одделение во училиште во кое малите и слаби деца ги делат ходниците со деца кои се повисоки, позлобни и кои веќе се бричат.

Во Дневникот на едно шмолке, авторот и илустратор Џеф Кини нè запознава со еден неверојатен херој. Како што вели Грег во својот дневник: Така што немојте да очекувате многу-многу да се лигавам: „драг дневнику“ ова, „драг дневнику“ она...

А ние имаме среќа да уживаме во многу неочекувани и смешни ситуации, зашто она што Грег Хефли вели дека нема да го направи и она што всушност го прави се две многу различни работи.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Џеф Кини
ISBN 978-608-230-644-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x