Дневникот на еден волшебник

Дневникот на еден волшебник

Распродадено

Опис на книгата

Дневникот на еден волшебник е восхитувачка приказна на Пауло Коелјо за неговиот аџилак по средновековниот чудесен Пат на свети Јаков до Сантјаго. Тоа е духовна потрага полна со авантури но истовремено и фасцинантна алегорија за потребата од пронаоѓање на сопствениот животен пат. Борејќи се со многу искушенија натчовечки напори за исполнување на задачите поставени од водачот-учител и неочекувани борби со внатрешните демони патникот ќе ги научи најважните лекции за животот и за она што нè први луѓе. На крајот од патот ќе ја открие и најголемата тајна – дека не е важно да ја имаш моќта туку да знаеш како правилно да ја искористиш. 

Ова е една од најважните книги на Коелјо, не само затоа што е негов прв голем роман, претходник на Алхемичарот, туку и поради целиот начин на кој во него е изразена хуманоста на филозофијата на Коелјо и длабочината на неговата духовна потрага. 

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2015
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-230-297-3
Пауло Коелјо

Пауло Коелјо

Пауло Коелјо де Соуза (Paulo Coelho) (роден на 24 август 1947 година) е бразилски текстописец и романсиер. Член е на Бразилската академија за писма. Неговиот роман „Алхемичарот“ е продаден во повеќе од 150 милиони примероци ширум светот и е најпродавана книга на сите времиња од бразилски писател. Тој влијаеше на бразилската рок музика преку неговото партнерство со музичарот Раул Сеиксас.

Повеќе за Пауло Коелјо

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x