Девојката што требаше да умре

Девојката што требаше да умре

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Последниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер. Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека кочнечно одлучила да стане ловец, а не плен. Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлетпротив шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист?

Девојката што требаше да умре открива политички скандали на највисоко ниво и меѓународни игри на моќ, со говор на омраза, лажни вести и една стара експедиција на Монт Еверест. Трагајќи по одговорите, во момент на необјасниво саможртвување, Блумквист ќе ѝ овозможи на Лизбет да се соочи со најважната битка во нејзиниот живот и конечно да расчисти со минатото.

„Неверојатен трилер со многу акција во кој се испреплетуваат заговор, шпионажа и мистерија со кои се обвиени неколкуте убиства – неверојатен спој што ќе ги збудали обожавателите на Саландер.“ Вол стрит џурнал

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Издавачка куќа Три
Автор Давид Лагеркранц
ISBN 978-608-230-6803
Страници 333
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x