Ден за одмазда

Ден за одмазда

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Природата на човекот е таква, и стотина пати да падне, ќе се обиде повторно да се исправи.

„Ден за одмазда“ отвора низа судбински прашања во трагичниот живот на луѓето соочени со крупни општествени промени. Под постојан удар на силни морални дилеми, тие во своето минато не можат да видат ништо повеќе од движење кое завршува на слеп колосек. Затскриени во немоќта кон предрасудите и верноста кон животните убедувања за тоа каде е границата на вистината, најчесто не можат да најдат храброст да ја прифатат и така да се осознаат себеси.

Губејќи го работното место и семејството, главниот лик Илија Гавровски-Ѕидарот се заплеткува во лаги, измами и предавства, кои само го намножуваат злото на кое единствено може да му се спротивстави едноставната и чиста човечка суштина. Начинот на кој го бара излезот од круговите на пеколот создава простор за неочекувани средби, но пред сè, за конфликти и недоразбирања што внесуваат драматика и го продлабочуваат неспокојот. Но, сепак, во тој бесмислен круг на животот блеснува и понекоја светла точка и искра на надеж.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Издавачка куќа Три
Автор Ивица Челиковиќ
ISBN 9786084892694
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x