Децата на комунизмот Кн.1

Децата на комунизмот Кн.1

Распродадено

Опис на книгата

Миломир МАРИЌ секогаш се обидуваше да го открие она што другите сакаа да го скријат. Упорно обидувајќи се да ги разоткрие заблудите и табуата на југословенскиот комунистички систем, авторот помина речиси една деценија собирајќи скриени и необјавени историски материјали од домашните и странските архиви. Контроверзната книга Децата на комунизмот, која предизвика бурни реакции во тогашната југословенска јавност кон крајот на 1980-тите, е резултат на оваа долгогодишна работа. Литерарната занимливост и уверливост ме одведе во нужно неистражени паралелни светови на разузнавачките служби, полициски и дипломатски тајни, ризици и авантури, каприци на моќните, лични и семејни драми и трагедии. Победниците и хероите, суверени јунаци и судии на историјата, литерарно најчесто делуваат неинтересно, извештачено и лажно, за разлика од победените, отстранетите, исклучените, оние кои се малцинство – отфрлени грубо како непријатели на народот, предавници, немирници, колебливци, незадоволни и неистомисленици. Личности кои, кога грмеше, погрешно ја проценија политичката ситуација, односот на силата, заиграа на послабата карта или невнимателно трчаа како прле пред магаре. „Мариќ ѝ припаѓа на бестрашната генерација што виде во што се претворија нашите убави соништа и идеали!“ – Владимир Дедијер „Децата на комунизмот е приказна за револуционерната авантура, раскажана во еден примерен жанр – акција. Пред нас се појавуваат личностите со своите доблести и мани, победи и порази, уверувања и заблуди, вистини и лаги. Ни ангели, ни ѓаволи. Просто луѓе на кои им се пружила прилика, или сами ја создале, во тешки периоди во историјата да одиграат важна и далекосежна улога.“ – Љубомир Кљакиќ.

Детали за продуктот

Корица Тврда
Година на издавање 2021
Издавачка куќа Ѓурѓа
Страници 434
Автор Миломир Мариќ
ISBN 978-608-201-463-0
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x