Да купиме поет

Да купиме поет

Распродадено

Опис на книгата

Во едно замислено општество, материјализмот ги контролира сите аспекти од животот на своите жители. Луѓето имаат бројки место имиња, сета храна е мерена со точна прецизност, а мерливи се дури и чувствата.

Во ова општество семејствата можат да чуваат уметници како миленичиња. Протагонистот на приказната е млада девојка кој избира да има поет. Поетот не е премногу скап или премногу валкан – како сликарите или скулптурите – ама неговиот стих може многу да влијае врз околностите. Откако ќе си набави поет, животот на девојката никогаш повеќе нема да биде ист… Овој роман на Круш е длабоко инспириран од економската криза во Португалијa, особено од прекумерната важност што им се дава на финансиските прашања. 

Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Низ роман и за млади и за возрасни, писателот ја демистифицира поезијата и секојдневните животни контексти во кои може да се смести истовремено претставувајќи ја како врвна уметност на слободата.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Афонсо Круж
ISBN 978-608-230-590-5
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x