Петнаесетгодишниот Халим дете на марокански родители родено во Стокхолм секојдневно води дневник кој претставува жива слика на неговата конфузија пред светот во потрага по сопственото место во него. И како да не му е доволно прекршувањето меѓу шведскиот и арапскиот менталитет го погодуваат и пубертетски маки проблеми во училиштето и вљубувањето. Пловејќи низ животот и трудејќи се да не се удави во болните спомени за мајка си Халим се справува со сето тоа како што знае и умее. Си зацртува две цели: да ја освои Марит и да ги сочува своите корени да се спротивстави на „пошведувањето“ и интеграцијата во општеството кое не го доживува како свој културен простор. Но претставата што овој тинејџер роден во Шведска ја има за арапскиот свет е всушност стереотипна и западњачка претстава за Ориентот.
Но набрзо ќе ја проѕре суровоста на светот и апатијата на својот татко, кој се откажал од Борбата. И кога ќе сфати како моќта на Алах е поврзана со судбината и зошто интелектуалците личат на куци камили, Халим кове план: да стане најмоќен револуционерен црноглавец во Шведска и мислечки султан кој ги открива кодовите и ги освојува најубавите женски.