Човек без својства

Човек без својства

Цена: 630 ден.

Опис на книгата

Романот Човек без својства на австрискиот писател Роберт Музил е едно од големите ремек-дела на европската литература од XX век. Во него авторот скицира детален портрет на европскиот дух пред почетокот на Првата светска војна. Дејството на романот се случува во Австрија но Виена на Музил е симулакрум на целокупната општествена политичка културна и духовна состојба во која живее модерниот Европеец. Во Човек без својства Музил вешто создава некои од најмаркантните и незаборавни книжевни ликови. Улрих главниот лик во овој роман е еден од најчесто истражуваните и толкувани ликови во историјата на книжевната критика и често се споредува со Јозеф К. од Процес на Кафка со Леополд Блум од Улис на Џојс или со Марсел од Во потрага по изгубеното време на Пруст.Човек без својства е мајсторски изградена мешавина од роман, есеј, политичка сатира, историска хроника и филозофска расправа и токму поради тоа преставува вистински интелектуален предизвик за секој читател, но исто така и неизбежна лектира за секој сериозен познавач на книжевноста.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2014
Издавачка куќа Три
Автор Роберт Музил
ISBN 978-608-230-223-2
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x