Треба да применувате само четири реченици за да го промените темелно својот живот.Беспрекорно користете го својот зборНишто не сфаќајте личноНе правете претпоставкиСекогаш направете сè што можете.
Овие едноставни сентенци, и мудроста која се крие зад нив, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопочит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.
Ова е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и на Буда, е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ - Толтеци, коишто според легендите, не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот. Прочитајте ја, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа.