Цената на водата во Финистер

Цената на водата во Финистер

Цена: 300 ден.

Опис на книгата

На возраст од 55 години никогаш именуваната протагонистка на овој роман одеднаш без најава се качува во кола и заминува од својот роден град и татковина. Без посебна причина се сместува во Финистер или finis terrae крајот на земјата. Овие страници се сведоштво за првата година од комплицираниот и понекогаш „невозможен“ престој во Франција при што „да се биде среќен“ за протагонистката е цел доволна сама по себе.

Додека ги следиме нејзиниот огромен ентузијазам и храбрите обиди да создаде прекрасна градина и да го уреди својот нов дом, битката со градината и деструктивните инсекти станува еден вид метафора за животот. Уредувањето на новиот дом е како одново уредување на животот, делче по целче, цвеќе по цвеќе, битка по битка.

Мајсторски везејќи ги емотивните, лутите, провокативни согледувања за најразлични теми – од повторно пронајденото задоволство во ценкањето, мизеријата на писателската блокада, социјалдемократијата, расизмот, тулипоманијата, лошиот француски, контролата врз молците до насладата во дивеењето на ветрот, не може а да не нè привлечат страста и хуморот на Малмстен. Истовремено возбудлив и неверојатно забавен, ова е жив, неповторлив и длабоко сериозен роман кој восхитува.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2015
Издавачка куќа Три
Автор Бодил Малмстен
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x