Цели

Цели

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Базирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации меѓу кои IBM Ford Xerox и Hewlett-Packard ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување. Своите извонредни размислувања Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.

Во оваа книга тој ве води низ целиот процес на поставување на цели - од почеток до крај - а кога ќе ја прочитате ќе имате буквално сè што ви е потребно за:- Да направите повеќе пари- Да ги подобрите своите врски- Да имате подобро здравје и повеќе енергија- Да постигнете финансиска независност

Цели! ви нуди детален процес за трансформирање на вашите соништа во реалност.

Брајан Трејси е претседавач и извршен директор на Брајан Трејси интернешенал, компанија која е специјализирана за обука и раз­вој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побргу и полесно одошто некогаш сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, самопочитување, цели, стратегија и креативност ги слушале повеќе од 5 милио­ни луѓе во 10.000 компании ширум Америка, како и во 55 други земји ши­рум светот. Неговите возбудливи говори, семинари и книги носат брзи промени и долготрајни резултати. Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има напишано 50 книги и реализирано повеќе од 400 аудио и видеопрограми за учење, преведени на 36 јазици ширум светот.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2011
Страници 236
Издавачка куќа Три
Автор Брајан Трејси
ISBN 9786084569138
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x