Богородична париска цркво, ој кралице на болката

Богородична париска цркво, ој кралице на болката

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Да се искачуваш на горниот дел на катедралата, тоа значи да напредуваш во една земја која сè уште е непозната.

За Силвен Тесон средновековните готски катедрали не се само музеи од некое минато време, туку живи суштества, шуми од симболи, богати камени острови податни за истражување. Неговата необична страст за искачување по катедралите ја содржи симболиката на искачување на највисоките планини. Во чинот на искачувањето тој е во дијалог со културната историја и во монолог со себеси.

Едни од најубавите спомени му се сто и педесетте искачувања на врвот на Богородичната црква, но во најлошите е врежан мигот кога ќе падне оттаму. Тој момент, заедно со трагичната вест во 2019 година за ненадејниот пожар во Нотр Дам, се инспирација за оваа книга.

Додека гори бисерот на готската архитектура, Тесон носи пркосна одлука да состави книга за своите искуства со катедралата и за трагедијата што ѝ се случуваше. И како што самиот се преиспитува низ макотрпниот процес на закрепнување, така ја преиспитува и човечката небрежност и (не)одговорност кон Богородичната црква: „дали ние си го заслуживме тој голем колапс?“

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 54
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082307763
Автор Силвен Тесон
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x