Блесокот на пролетта
Блесокот на пролетта

Блесокот на пролетта

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Овој возбудлив роман, пред сè, говори за внатрешните емотивни дилеми на современиот начин на живеење, како и за комплицираниот однос на еден млад брачен пар, западнат во суровите замки на монотонијата.

Кога судбината на сопружниците Ева и Ентони – една талентирана шкотска писателка и еден англиски архитект, ќе се испреплетат со некои други лица од нивното опкружување во Париз, приказната наеднаш станува многу заплеткана. Тајната соперничка на Ева станува младата французинка Вероника, експерт за внатрешно уредување и дизајн.

Додека Ентони полека тоне длабоко во светот на лагите и на брачното неверство, размислувајќи за тоа дали да ја остави својата сопруга, еден ден, Ева случајно го запознава македонскиот сликар Александар во едно мало париско бистро.

До каде можат да одат каприците на судбината...?

Дали прељубата ќе доведе до конечен раскол меѓу брачните партнери?

И, дали кармата ќе го сврти својот полн круг за, на крајот, секому да му се врати со „мило за драго“?

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 368
Издавачка куќа Култура
Автор Катерина Серафимовска
ISBN 978-608-262-005-3
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x