Белиот шепот

Белиот шепот

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Поетската збирка од триесетина страници е лирски запис на случки, настани, сеќавања, односно содржи триесетина песни што се занимаваат со вакви и слични лични теми, поделени во три циклуси – „Македонија“, „Конецот на вистината“ и „Лик – Слика – Неприлика“.

Првиот циклус се занимава со аспекти од материјалното и духовното наследство на Македонија и возбудата на авторката при откривање на тоа богатство што го зацврстува чувството за нејзиниот национален бит.

Вториот циклус со четиринаесетина песни се занимава со рефлексии за одредени случки и настани и длабење на вертикалата на философскиот начин на гледање – од посебното и интимното кон општото и универзалното.

Во третиот циклус, составен од десетина песни, книгата се навраќа на портрети и ликови што оставиле впечаток и предизвикале размисли за меѓучовечките односи што зазеле добар дел од емотивниот и мисловниот живот на еден човек преточен во песни.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Тежина 77
Автор Лидија Давидовска
ISBN 978-608-243-415-5
Страници 52
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x