Како и во својот прв роман Животот на Пи кој стана светски бестселер канадскиот писател Јан Мартел во својот нов роман Беатриче и Вергилиј ја употребува алегоријата како книжевна техника и им го „позајмува“ гласот на животните кои стануваат главни ликови во неговите приказни. Во Беатриче и Вергилиј Мартел зборува за една од наjголемите трауми во дваесеттиот век преку една метафорична интимна и едноставно раскажана приказна. Романот започнува кога еден млад писател чија биографија неверојатно потсетува на биографијата на самиот Мартел почнува да добива мистериозни писма кои содржат раскази и драми напишани од непознат писател а кои раскажуваат приказна за две животни: мајмунот Вергилиј и магарето Беатриче. Како што тече романот читателот полека насетува што се крие зад алегориите и метафорите за да стигне на крајот до шокантните последни страници...
„Беатриче и Вергилиј ја поседува онаа едноставна книжевна убавина и мистериозност како и Животот на Пи. И повторно зборува за тешки теми и важни прашања на еден непретенциозен, но суштински начин.“ Њујорк тајмс