Бденија и виденија, антологија на македонската песна во проза

Бденија и виденија, антологија на македонската песна во проза

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Оваа вредна и несекојдневна антологија првпат пред нашата и странска културна јавност го претставува овој интересен и возбудлив жанр, овозможувајќи им на читателите ново читање и постојано уживање во креациите на песната во проза.

„Бденија и виденија“ е прва антологија на песната во проза во македонската литература, наспроти околноста што овој лирски жанр во современата македонската литература е присутен најмалку од средината на шестата деценија од дваесеттиот век.

Текстовите од овој хибриден лирски жанр ги обединуваат заедничките поетички елементи што ја прават поетска форма препознатлива и покрај нејзините сродни обележја, од една страна со песната во слободен стих, а од друга со најкусиот расказ.

Во антологијата на едно место се застапени над педесет македонски автори, меѓу кои писатели од сите генерации, од најеминетните поетски бардови, па сè до најмладите, тукушто пројавени имиња.

Антологијата содржи исцрпни биобиблиографски податоци за авторите и обемен поговор.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2013
Страници 320
ISBN 978-608-4507-82-6
Тежина 543
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x