Балкански наративи

Балкански наративи

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Книгата Балкански наративи на Катица Ќулавкова ги демистифицира стереотипите на Балканот низ призма на неговите митски епски културни историски и политички наративи (Црн Бог Црна Арапина Болен Дојчин Лепа Ангелина Одисеј Пенелопа Крале Марко мртвиот брат кој воскреснува).

Критичкото толкување на балканските стеротипи на насилството, варваризмот и верноста, на „бурето барут“, „Пандорината кутија“ и „папокот на светот“, вклучува скептичност, но и визија. Скептичноста се однесува на конзервативните системи на вредности, а визијата – на новите развојни стратегии, интеркултурните.

Балкански наративи го ревидира доминантниот културолошки дискурс за Балканот и ја сугерира потребата од ревизија на актуелните геополитички пристапи спрема Балканот (концептот на балканизација или „раздели па владеј“). Зашто балканскиот хронотоп е клуч за декодирање и решавање на многу социјални и меѓуетнички констелации во современа Европа, онаа која е од другата страна на балканското гето!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Издавачка куќа Три
Автор Катица Ќулавкова
ISBN 978-608-230-578-3
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x