Низ овој труд се провлекуваат две теми, и тоа: животната судбина на Фројд и историјата на психоанализата. Автобиографијата покажува како психоанализата станува негова животна содржина и ја следи оправданата претпоставка дека она што заслужува интерес се неговите односи кон науката. Во оваа книга ја изразува својата надеж дека го отворил патот кон значаен напредок на нашето сознание.