Аполон – водач на македонскиот Бунт

Аполон – водач на македонскиот Бунт

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Монографскиот труд „Аполон, водач на македонскиот Бунт“ претставува исклучително важен придонес кон расветлувањето на еден дел од македонското историско минато, во кој централно место заземаат животот и делото на македонскиот патриот Трајко Попов (1910–1946), еден од основачите и водач на илегалното Македонско национално движење – „Бунт“.

Вредноста на овој труд дополнително ја зголемуваат приложените фотографии и факсимили на документи што претставуваат обвинителни акти, пресуди, затворски досиеја, односно подоцнежни наредби за отпуштање од затвор на лицата со кои Трајко Попов ги делел идеалите за обединета и слободна Македонија.

За најдобро да се доловат животот и делото на Трајко Попов, ќе се послужиме со неговите зборови изречени на 25 мај 1945 година: „Со започнување на партизанските борби и со паролата ’за федеративна Југославија‘ за нас беше необјаснива и си поставихме прашањето дали во таја Југославија влагаат Пиринска и Егејска Македонија или само Вардарска. Со тоа ако во неја влага и Грчка Македонија со Пиринска за нас нема друго да постои освен  федеративна Југославија. Ако пак остане само Вардарска, тоа би била непотполна јединица – како мува без глава.“

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 116
Година на издавање 2018
Тежина 221
Автор Марјан Иваноски
ISBN 978-608-243-289-2
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x