Алтани и други

Алтани и други

Цена: 150 ден.

Опис на книгата

Книгата поезија Алтани и други (2019) е прва печатена книга на поетот Александар Михајловиќ. Книгата е поддржана од Министерството за култура, како дел од Годинешните конкурси за проекти од национален интерес во културата во 2019 година.

Збирката поезија содржи 45 песни. Рецензент на изданието е Златко Панзов, лектор и преведувач. Поезијата на Михајловиќ произлегува од неговата постојана љубопитност за секојдневието, поетичноста на еден минат ден, нуркањата во неговата меморија, љубовта, вечните егзистенцијални прашања, поетскиот субјект во однос на просторот, времето, лирското „јас“ наспроти безмилосната стварност, неговата поезија е како пајакова мрежа, исплетена со безброј поставени прашања и безброј претпоставени одговори. Михајловиќ е поет со веќе формиран сопствен поетски глас, поет кој ги минал сите фази на сопственото поетско пронаоѓање. Михајловиќ е ново име кое допрва, се разбира, преку стихови ќе го донесе и каже она што го има во себе и ќе нè одведе на патувања во инакви светови.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 48
Автор Александар Михајловиќ
ISBN 978-608-245-409-2
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x