Алиџан

Алиџан

Распродадено

Опис на книгата

Алиџан станува воен заробеник, но ја преживува војната. По неа станува активен член на екипите на меѓународниот Црвен крст што работат во повоената, разрушена Германија. Таму ги запознава Изолда и повратниците логораши, ја запознава патоодната судбина на земниот живот, а ја потиснува Ананка како ветување на самата природност на својот човечки живот.

Романот „Алиџан“, заедно со „Ананка“, го формира диптихот „Живот или судбина“, социолошко-политичко-философски роман во два дела базиран на вистинити животни судбини, историски и политички настани…

Преку ликовите на Ананка и Алиџан, Роми од Топаана, и Изолда, млада Германка, во романот „Алиџан“ се отсликува животот во Германија, во Југославија и во Македонија во втората половина на ХХ век, живот со многу војни, љубов, разделби, поделби и соединувања.

Писателот Јусуф Сулејман, со својот специфичен стил на директен говор, ја ткае приказната низ видокругот на ромските познанија за доброто и злото, за Земјата и Космосот, за Сегашноста и Вечноста, за заветот и течението на животот, за злосторствата на нацистите, за човештината на мирољубивите Германци, за победените и победниците, за градењето и рушењето на Берлинскиот ѕид, но и за уривањето на Југославија, создавањето на самостојна држава Македонија и каде во сето тоа наоѓа место животот на обичниот човек.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 192
Година на издавање 2019
Тежина 199
Автор Јусуф Сулејман
ISBN 978-608-243-346-2
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x