Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски (1 октомври 1946, Пехчево) — македонски самостоен уметник, писател и издавач, хуморист и сатиричар.

Александар Кујунџиски е роден е во Пехчево, на 1 октомври 1946 година, како второ дете на Марија и Никола. Името го добил по својот дедо, Александар (Сандо), познат занаетчија и шегаџија во Малешевијата. Во периодот октомври 1948 - декември 1951 година, заедно со постриот брат Асен, живеел во Штип и во Берово, а потоа се вратил во родното место. На 1 септември 1953 година, Александар тргнал во прво одделение во ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево. Основното училиште го завршил во 1961 година, а потоа се запишал во гимназијата „Ацо Русковски“, во Берово, каде завршил две години. Во 1963 година, неговото семејство се преселило во Куманово и тој го продолжил школувањето во гимназијата „Гоце Делчев“.

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x