1Q84 (Книга прва)

1Q84 (Книга прва)

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Во јапонскиот јазик, буквата Q и бројката 9 се изговараат исто. Кога 1Q84 ќе се изговори на јапонски, се добива 1984, што е директна алузија на романот на Џорџ Орвел кој, на овие страници, повеќепати се спомнува и се цитира.

Читателот, заедно со главните личности, плови помеѓу 1984 година и паралелното време во годината 1Q84. Првиот том од овој капитален роман го покрива периодот од април до јуни и ние, низ поглавјата што наизменично се менуваат, ги следиме приказните на двајцата главни херои - Тенго и Аомаме. Таа е инструкторка за боречки вештини, членка на мистериозна организација што спроведува правда убивајќи насилници... Тенго е професор по математика во едно подготвително училиште, типичен муракамиевски машки лик - пасивен, без иницијатива, талентиран без да се реализира,едноставно кажано - тој е „дел од сложувалката што никаде не се вклопува“. Во поглавјата што се преплетуваат, среќаваме надреални елементи карактеристични за сите дела на Мураками, но и важни теми од модерниот свет - политички злосторства, толкувања на историјата, насилство, религиозен фанатизам, слобода. Мураками успева да изгради дело на границата помеѓу лагата и вистината, помеѓу реалноста и фикцијата.

Мураками е како магионичар кој го објаснува трикот додека го изведува, а сепак успева да нè убеди дека има натприродни моќи... Иако секој може да раскаже приказна што наликува на сон, само редок уметник како него може да ни предизвика чувство дека самите го сонуваме.

Њујорк тајмс

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2011
Издавачка куќа Три
ISBN 9786082300504
Страници 434
Харуки Мураками

Харуки Мураками

Харуки Мураками (Haruki Murakami) (роден на 12 јануари 1949 година) е јапонски писател. Неговите романи, есеи и раскази се бестселери во Јапонија, како и на меѓународно ниво, со тоа што неговата работа е преведена на 50 јазици и продава милиони примероци надвор од Јапонија. Има добиено бројни награди за неговата работа, вклучувајќи ја и наградата Гунзу за нови писатели, Светската награда за фантазија, Меѓународната награда за краток расказ „Френк О’Конор“, наградата Франц Кафка и наградата Ерусалим, чии претходни добитници се Ј.М. Коети, Милано Кундера и В.С Најпаул.

Повеќе за Харуки Мураками
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x